Економија, финансии, бизнис

Контакт

Странските инвеститори ќе можат да си го купат земјиштето во слободните зони

Странските инвеститори ќе можат да си го купат земјиштето во слободните зони
Со измени во Законот за технолошко-индустриски развојни зони што го предлага Владата се зголемуваат поволностите што им се нудат на странските инвеститори во Македонија. Во иднина тие ќе можат не само да го закупат, туку и да го откупат земјиштето и фабриките во слободните зони. Земјиштето ќе се продава по почетна цена од едно евро за квадрат. На јавното наддавање можат да се јават домашни и странски физички лица. Ќе може да се откупува и целата зона, но во тој случај инвеститорот ќе има обврска да ја изгради целокупната внатрешна инфраструктура во рамките на зоната, сообраќајници, хидротехничка инфраструктура, гасоводна инфраструктура, електрична инфраструктура, и друга потребна инфраструктура, предвидуваат измените во Законот. Според вицепремиерот за економски порашања Владимир Пешевски, со измените ќе се подобрат условите за привлекување и задржување на странските инвеститори и ќе се овозможи поголем развој на зоните. Заменик-министерот за економија Христијан Делев вели дека измените се предлагаат на барање на инвеститорите. „Голем број од инвеститорите сакаат да си го решат правото на сопственост. Не се заинтерессирани за концесија, како досега, бидејќи во матичните компании, односно банките кои ги финансираат, додека не се реши правото на сопственост не беа заинтересирани да ги финансираат нивните проекти“, вели Делев. Досега изградбата на инфраструктурата во зоните целосно е на товар на државата. Изградени се зоните во Скопје и Штип, а започната е и онаа во Тетово. Владата во Буџетот за 2015 година предвиде 10 милиони евра за изградба на технолошко-индустриските развојни зони.   Голем број од инвеститорите сакаат да си го решат правото на сопственост. Не се заинтерессирани за концесија, како досега, бидејќи во матичните компании, односно банките кои ги финансираат, додека не се реши правото на сопственост не беа заинтересирани да ги финансираат нивните проекти“
Слично

Поврзани вести