Економија, финансии, бизнис

Контакт

Странските инвестиции забележаа минусно салдо

Странските инвестиции забележаа минусно салдо

Падна нивото на странски директни инвестиции во Македонија. 

Во септември е забележан одлив во висина од 22,6 милиони евра. Ова е втор месец годинава во кој странските инвестиции имаат минусно салдо. Првпат тоа се случи во јуни кога имаше одлив од околу 7 милиони евра. Најмногу инвестиции се влезени од Турција и од Германија, по 23 милиони евра. Највисоко негативно салдо во првите девет месеци има со Бермуди, каде се одлеани осум и пол милиони евра. 

Според податоците на НБРМ, во периодот јануари-септември регистрирани се 199 милиони евра странски директни инвестиции.

По дејности, најмногу пари од земјава, околу 22 милиони евра, кон матичните земји излегле од индустријата за производство на прехранбени производи, пијалоци и тутун. Ланската година земјава ја испрати со 216 милиони евра странски директни инвестиции.

Оваа информација е објавена и во медиумите во соседството, каде прашуваат каде се инвестициите во Македонија. 



Слично

Поврзани вести