Ставрески дециден: Успешна приказна се странските инвестиции во Македонија
Македонија останува држава које е исклучително атрактивна за инвеститорите вели министер за финансии Зоран Ставрески. За ова според него заслужни се најниските даноци во Европа и добрата бизнис клима.
Приказната за странските инвестиции во Македонија е една успешна приказна смета тој и додава дека дека ако ја подобриш бизнис климата и преку амбициозен план се прикажат можностите пред инвеститорите во Европа и светот, може да се привлечат странски инвестиции во земја која е релативно мала и каде инвеститорите можеби немале претходно интерес.
Ставревски истакна дека во Македонија се почесто доаѓаат глобални компании и брендови кои порано ги немалои кои отвораат повеќе фабрики.
„Тие фабрики се отвораат не само во Скопје, туку и во внатрешноста и од тој аспект за нас е значајно да продолжиме со ваквите напори да се зголеми износот на странски инвестиции и да се отворат нови работни места како тоа што се случуваше во Кавадарци и Битола, да се случи и во сите други места во Македонија“, истакна Ставрески.
Според податоците на Народната банка на Република Македонија странските инвестиции во земјава заклучно со агуст се 157,3 милиони евра.
130,5 милиони евра или за 42 милиона евра повеќе од лани изнесуваат странските директни инвестиции во Македонија за првите седум месеци од годинава( јануари – јули 2013) соопшти Народната банка. Според податоите, во јули странците инвестирале 29,1 милиони евра.
За првите шест месеци пак од 2013 сумата на странски инвестиции изнесуваше 101,4 милиони евра, што пак споредено со инвестициите од минатата година, за истиот период, е раст за нешто повеќе од 20%, кога имало имало странски директни инвестиции од 83 милиони евра.
Најдобра година за странските инвестиции во земјава е 2007 кога влегле половина милијарда странски директни инвестиции.Доколку продложи овој тренд, извесно е дека тоа годинава може да се очекуваат двојно повеќе инвестиции за разлика од минатата година кога вкупното салдо на странски директни инвестиции за цела година изнесуваше 104,8 милиони евра.
Сепак, останува недостижна 2011 година кога во земјава влегоа 336,8 милиони евра.
Слично
