Странски совети за македонските бизнисмени, повикот е отворен за сите компании
Со цел да се подбри конкурентноста на македонските компании, експерти од Холандија, САД и Швајцарија ќе ги советуваат македонските бизнисмени. Владата денеска го презентираше овој проект пред стопанствениците. Ќе се бараат експерти од повеќе сектори, производство, ИТ, услужни сектори.Идејата ја поздрави , Митко Алексов, извршен директор на Сојузот на стопански комори кој смета дека ваквите менторства ќе им бидат од помош на компаниите и ќе се придонесат за економски развој на земјата.
Повикот е распишан пред три недели, трае до 1 ноември, а оние компании што ќе побараат експертска помош мора да работат барем две години, да имаат петмина вработени, а сите трошоци за странците ќе ги покрие државата преку билатерални развојни програми со државите од каде експртите доаѓаат.
„Сојузот на стопански комори (ССК) го поддржува и активно учествува во проектот на Владата за ангажирање странски експерти. Ова е врз основа на повратните информации од компаниите-членки бидејќи постои евидентна потреба од ангажирање експерти практичари во одредени сегменти, како од производниот процес така и од останатите системски потреби во која било компанија“, изјави Алексов.
Досега најголем интерес за странски искуства во бизнисот пројавиле од прехранбената и преработувачката индустрија. Домашните компании до 1 ноември преку јавен повик можат да побарааат ангажирање странски експерт.
Според Панче Кралев, советник на премиерот за економија и образование, по истекот на рокот за аплицирање се очекува ангажман на првите експерти, според планот на почетокот на следната година. Тој информираше дека нема ограничување за областите каде може да се побара ангажирање странски експерт, а нема ни ограничување на бројот на ангажирани експерти.
„Ќе се излезе во пресрет на сите што ги задоволуваат условите од огласот“, тврди Кралев и додава дека најмените експерти се практичари со големо искуство за начинот на функционирање на компаниите од областа каде што работат и се подготвени да го пренесат своето искуство.
Слично
