Економија, финансии, бизнис

Контакт

Странски медиуми анализираат: Ќе се решат ли проблемите на земјата со оставка и нови избори?

Странски медиуми анализираат: Ќе се решат ли проблемите на земјата со оставка и нови избори?

Што ќе се случи ако Груевски навистина поднесе оставка? Опозицијата бара формирање на техничка преодна влада која би организирала нови избори. Прашањето е само дали новите избори се доволни да се решат проблемите на земјата ...

Швајцарскиот дневник „Noje cirher cajtung“ пишува: „Десетици илјади граѓани пред седиштето на Владата во Скопје бараа оставка од премиерот Никола Груевски. Беше тоа шарен и мирен протест и веројатбо прв пат на некои демонстрации во државата заедно истапија Македонци, Албанци, Турци, Роми и Срби. Од февруари, опозицијата објавува серија прислушувани разговори кои покажуваат бескрупулозно политичко водство кое го манипулира правосудството, медиумите и државната управа. Нешто смрди во земјата на Македонија, декламира еден режисер додека аплаудирала масата која барала оставка од владата“. Во објаснувањето на настаните кои им претходеа на демонстрациите - судирот во Куманово со 22 жртви меѓу кои осум полицајци, швајцарскиот дневник пренесува дека „позадината на таа крвава акција и понатаму е нејасна“. Понатаму се наведува дека владата на Македонија е „под меѓународен притисок: западните амбасадори бараат од Груевски итна истрага на сеопфатното прислушување“. А руското министерство смета дека „западните сили работат на обоена резолуција која, како и во Грузија или Украина, го загрозува уставниот поредок“, пренесува српски Дојче Веле.

Минхенски дневник „Zidojče cajtung“ за Македонија пишува како за „Балканот во мало“ и во продолжениот текст за настаните во земјата го поставува прашањето: „Што ќе се случи ако Груевски навистина поднесе оставка? Кога ќе помине атмосферата на народното славење? Опозицијата бара формирање на техничка преодна влада која би организирала нови избори. Прашањето е само дали новите избори се доволни да се решат проблемите на земјата . Потребен ни е целосно нов старт, вели Џабир Дерала. Овој бранител на човечките права од 1999 со својата организација „Цивил“ ја анализира состојбата во земјата. Откако Груевски е на власт - од 2006 - бројот на службеници во јавниот сектор од 100.000 се зголеми на 180 000. Парадоксално е што сето тоа се одвиваше паралелно со приватизацијата на економијата. Некои од државните функционери немаат задолженија, но имаат плата, а својата лојалност ја покажуваат на избори“. На прашањето: Што ќе биде ако Груевски не поднесе остацка? -Дерала размислува: Ако тоа не го направи, овде ќе се случи пекол.“

„Де не наидоа на куршумите на сопствените луѓе?“

Истиот весник во одделен текст го донесува и портретот на македонскиот премиер Никола Груевски: „Тој се кажува за некој кој се жртвува за својот народ ... Кога стапил на функција, е славен како човек на промени, кој земјата ќе ја приватизира и направи интересна на пазарите и кој ќе ја поведе во правецот на НАТО и ЕУ. Но, работите не изгледаат баш така“...

Минхенски дневник пишува и дека „сега западните амбасадори, како на пример претставниците на Германија и САД, се обидуваат да посредуваат.  Ни дипломатите ниту ЕУ барем јавно не учествуваат во барањата на опозицијата да се повлече шефот на владата, бидејќи тоа би било мешање во внатрешните работи - на кои Европската унија им се приближува. Брисел, меѓутоа , би имал други можности: веднаш да ги замрзне парите за проекти во Македонија, да покрене целосно меѓународно расветлување на сите обвиненија - од скандалот со прислушувањето па се до судирот во Куманово. Крајно време е да престане воздржаноста“.

Берлинскиот весник „Tagescajtung“ listTagescajtung се врати на настаните во Куманово бидејќи долгогодишниот дописник на тој медиум од Балканот отишол во Македонија во потрага за одговорот на прашањето: дали Куманово навистина имало вооружени Албанци? Во репортажа за тоа говорат повеќе жители на градската населба во која се случи вооружена пресметка меѓу полицијата и терористите. Повеќе од нив пренесуваат дека не виделе никакви Албанци, иако се слушало пукање, а само еден рекол дека имало - и тоа амбасадорот на Косово во Македонија Јилбер Хиса. Меѓутоа, во текстот се изнесуваат нови сомневања во тоа: Контрапукање од пиштол кое можевме да го слушнеме беше слабо, вели еден новинари кој можеше да го слушне нападот. Како се убиени осум полицајци и зошто веќе следниот ден толку брзо се погребани? - прашува тој. Да не наишле на куршумите на сопствените луѓе?“.

Слично

Поврзани вести