Економија, финансии, бизнис

Контакт

Странски криминални групи со спам пораки крадат е-маил лозинки од македонски фирми

Странски криминални групи со спам пораки крадат е-маил лозинки од македонски фирми

Добро организирани меѓународни криминални групи со примена на т.н. spam пораки крадат е-маил лозинки од македонски фирми информираат од секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Централни Полициски Служби.

Имено, оваа зачестена појава е забележана о деловната комуникација преку електронска пошта(e-mail) помеѓу македонски компании и нивните бизнис партнери од странски земји претежно од Азија, Африка и Латинска Америка.

Криминалците со примена на т.н. spam пораки, методи на phishing и social engineering, успеваат да ја „украдат“ лозинката за пристап до e-mail-от на еден од бизнис партнерите при што добиваат непречен пристап до историјата на целокупната комуникација. Овие групи  креираат нови e-mail адреси кои минимално се разликуваат  од оригиналните и тешко се приметуваат во комуникацијата. Оригиналната порака ја преземаат , ја модифицираат и ја праќаат на еден од лажно креираните e-mail адреси. Потоа праќаат порака до партнерот дека ја имаат променето банкарската сметка за уплата на средства и бараат авансните средства да бидат уплатени на нова сметка која ја доставуваат во прилог, информираа од МВР.

Оттаму посочија дека за да се откријат овие криминални групи и  сторителите  потребна е координација и соработка помеѓу надлежните институции во земјите на засегнатите страни

МВР апелира до компаниите да обезбедат повеќекратен начин на авторизација и автентикација;  внимателност при промена на ентитетите во комуникацијата , како и навремено пријавување во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика доколку се забележи ваква појава.

Слично

Поврзани вести