СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ: Економски модел или политичка пропаганда?
Владата мораше и беше обврзана да направи прецизна кост-бенефит анализа уште во 2007 ма година, кога го активираше моделот за Слободни економски зони, со цел таа анализа да биде основа на инвестциската политика, која сега е во контекст на политички и партиски цели, коментираат за “Фактор“ дел од економистите откако Центарот за економски анализи објави студија за трошоците и бенефитот од странските инвестиции. Истражувањата со наслов “Квантифицирање на бенефитот од странските инвестиции“ и “Странските иневстиции и нееднаков третман кон домашните инвестиции“ отворија широк дебатен форонт во јавноста.
Што им дадовме а што добивме од инвеститорите?
Освен економистите, и дел од бизнисмените се согласуваат со наодите од истражувањата кои покажаа дека две третини од стопанствениците сметаат дека актуелните инвестициски политики се дискриминирачки. Според универзитетскиот прфесор Ванчо Узунов досега државата требаше да направи опсежна анализа за моделот на странски инвестиции врз основа на која ќе се гради стратегијата за поддршка на транспарентен начин.
“Резултатите од истражувањето сами по себе го кажаа тоа што го зборувавме со години, односно дека ефектите од странските инвестиции не можат да се анализираат целосно во недостаток на податоци. Ваква кост-бенефит анализа најпрво беше неопходно да ја направи државата и таа требаше да биде основа, односно база за целиот концепт за привлекување на странски инвестции. Истражувањето покажа дека има некаков позитивен ефект од странските инвестции, и овие податоци треба да бидат коректив за идните политики, односно за да се добие целосна слика мора да пресметуваат и трошоците и бенефитите од инвестциите“, вели универзитетскиот професор Ванчо Узунов.
Истражувањето на ЦЕА покажа дека едно работно место во периодот од 2007 година до 2014 година ја чини државата 21 000 евра.
„Ако ги пренесеме тие трошоци на ниво на генерирани нови вработувања во овие компании, излегува дека едно ново вработување нè чини 21.000 евра“, изјави Весна Гарванлиева од Центарот за економски анализи.
Вредноста на извозот на компаниите во зоните во вкупниот извоз од 2007 до 2009 година, според оваа анализа, учествуваат до еден процент, додека потоа континуирано расте за да во 2014 година достигне 27%. Уделот на компаниите од зоните во целокупната бруто додадена вредност на национално ниво достига до неполн еден процентен поен во 2013.
Дополнително, наодите на истражувачите покажаа и дека вкупниот нето-ефект од седум странски инвестции изнесуваат 124 милиони евра, со што позитивен удел во економијата имаат само три од седум анализирани компании. Имено, според анализата нето економските бенефити за државата, од компаниите кои оперираат во периодот од 2007 до 2014 година се позитивни за три компании и тоа Вистеон и Џонсон Мети како прво формирани компании со нето бенефити од 60,5 и 111,7 милиони евра соодветно, и Ван Хоол со 4,3 милиони евра. Останатите компании имаат се уште негативни нето економски бенефити за државата кои се очекуваат да бидат позитивни во последователен период.
“Странските директни инвестции според мене во суштина не се концепт, односно модел за поголем економски раст, туку тие се промовираат во политички контекст, со намена за избори, како пропаганда. Ако се сумира, клучно прашање е што останува во Македонија, односно во домашната економија од тие странски инвестции. На пример, за да го видиме ефектот од вработувањата, треба да се пресмета висината на платите намалени за субвенциите што се дадени за нив, и тогаш ќе се види колку е крајниот ефект по овој основ. Така, за да се покаже вкупниот ефект, мора да се знаат сите трошоци за странските инвеститори по сите основи“.
Ако се сумираат сите трошоци за сите компании може да се утврди дека трошокот преку ослободувањата и субвенциите врз основа на дадените претпоставки, за седумте компании од 2007 до 2014 година во апсолутна вредност изнесуваат 56,58 милиони евра, доколку истите ги дисконтираме вредноста во 2014 година вредноста изнесува 66,25 милиони евра. Изведено како процент од инвестицијата на приватниот ентитет односно корисникот, уделот на инвестицијата на државата варира од 5% до 47% во зависност од компанијата.
За едни дискриминација, за други фаворизација?
Од друга страна, истражувањето “Стимулации за странските инвеститори и нееднаков третман кон домашните инвеститори“, меѓудругото покажа дека 43% од анкетираните менаџери сметаат дека сегашните политики за привлекување на инвестиции даваат позитивен резултат додека 28% не се согласуваат со ова. Две третини од анкетираните бизнисмени сметаат дека сегашните политики се дискриминаторски.
“Овие податоци ја одразуваат реалзноста, односно мислењето на поголем дел од бзинис заедницата. Доборо е што Владата спроведува политики за привлекување на странски инвеститори, и ние го поддржуваме тоа, но каде се домашните бизнисмени. Ние, како домашни комапнии можеме да влеземе со слободните зони, но мора да отвориме нови фабрики, со нови работни места и нашето производство речси целосно да биде насочен кон извоз, што е невозможно со оглед на кондицијата и ликвидноста, па и конкурентноста на домашните фирми“, коментираат за “Фактор“ стопанствениците.
Дел од бизнисмените во стопанските комори подолго време упатуваат на забелешки во однос на концептот за привлекување на странски инвестции.
“Јасно е дека сега имаме состојба на дискриминација на домашниот бизнис кога зборуваме за Слободните економски зони. Тетовската зона е прва која функционира по принципот на јавно-приватно партнерство и затоа сметам дека таа треба да се отвори и за влез на домашни компании“ – изјави неодамна за “Фактор“ Мендерес Кучи од Стопанската комора на северозападна Македонија
Странските директни инвестиции во периодот од 2003 до 2014 година се во пораст. Највисоко ниво е постигнато во 2007 година и тоа околу 733 милиони долари. Во 2008 учеството на странските инвестиции од технолошко индустриските зони било 3% додека пак 2009 било дури 51%, во останатите години тој е меѓу 12 и 13 проценти
Како една од поентите во спроведените истражувања е потребата од зголемување на транспарентноста во делот на информациите поврзани со бенефициите за странските инвеститори.
“Со цел зголемување на транспарентност потребно е унапредување на истата преку креирање и редовно ажурирање на регистар на државна помош, како и креирање на мапа за државна помош на национално и/или регионално ниво, со што ќе се унапреди транспарентноста, а и ќе се приближиме кон усогласување со ЕУ регулативата. Дополнително во согласност со препораките на ДЗР потребно е унапредување на критериумите за доделување на државната помош“, констатираат истражувачите од Центарот за економски анализи.
Д.А.
Слично
