Економија, финансии, бизнис

Контакт

Странски инвеститор го затвори погонот во Македонија

Странски инвеститор го затвори погонот во Македонија

Рускиот инвеститор во слободната зона Бунараџик, веќе го затвори погонот и не изгледа дека за брзо ќе почне со работа.

Фабриката на „Продис” подолго време не работи, а вработените не земале плата речиси една година.

Погонот за производство на чаеви и хомеопатски лекови, беше отворен пред три години, а не се знае дали ќе продолжи со работа.

Менаџментот на фирмата се правда дека е во преговори со нов инвеститор а владата се прогласува за ненадлежна за случувањето во компанијата.

Директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо соопшти дека засега „Продис“ не го прекршил инвестицискиот договор.

Инаку, претставници на 20-тина странски компании,денеска по кој знае кој пат и се пожалија на владата дека администрацијата и честото менување на законите им пречи во работењето.

Слично

Поврзани вести