Економија, финансии, бизнис

Контакт

Странски инвеститор денеска започнува со нова фаза на изградба во Охрид

Странски инвеститор денеска започнува со нова фаза на изградба во Охрид

Германската комапнија ОДВ Електрик која работи во ТИРЗ Охрид/Струга, почнува со реализација на нова инвестиција проценета на 5 милиони евра.

Ова е втора фаза од реализација на инвестицијата во Македонија со која германската компанија двојно ќе го зголеми производствениот капацитет.

Досега има инвестирано 4,5 милиони евра и вработува 310 лица. Во капацитетот во ТИРЗ Охрид/Струга произведува електрични инсталации за познати автомобилски брендови.

Втората фаза на реализација ќе ја објават денеска во Владата вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Александар Младеновски.


Слично

Поврзани вести