Економија, финансии, бизнис

Контакт

Странски директори ќе шират глас дека Македонија е добра за инвестирање

Странски директори ќе шират глас дека Македонија е добра за инвестирање

Менаџери на успешни фирми од САД и Велика Британија станаа членови на новоформираниот Интернационален совет на реномирани директори, тело чија цел е да им овозможува директни контакти на македонските власти со одговорните во големите компании ширум светот, клучни при носењето одлуки за идните вложувања.

Тие денеска ја посетија Мкаедонија, некои од нив за првпат, и се запознаа со можностите за инвестирање во најразлични сектори. Советот го организира Кабинетот на министерот за странски инвестиции Бил Павлески. „Директорите со исклучително големо искуство и реноме зад себе, беа воодушевени што во многу краток период Македонија направи толку многу добри бизнис реформи кои ја подобруваат климата за работење, но и им овозможуваат на странски компании да дојдат“, посочи Павлески. Директорите од реномираните компании посочиле дека Македонија може да биде идеална локација за компаниите кои го шират производството, а планираат да ја напуштат Југоисточна Азија.  
Слично

Поврзани вести