Економија, финансии, бизнис

Контакт

Странска леарница им должи две плати на вработените во Пробиштип

Странска леарница им должи две плати на вработените во Пробиштип

Речиси два месеци 150 вработени во леарницата за тешко железо „Кранфилд Фаундри“ во Неокази кај Пробиштип не зеле плата, реагираат вработени до ТВ Стар.

Од Кранфилд Фаундри за телевизијата одговориле дека платата за месец април ќе се исплати до крајот на оваа недела, а платата за месец мај до крај на следната недела

„Точниот факт е дека доцнење постои единствено кај исплатата за месец април, што е резултат на доцнење на уплатите од нашите клиенти, како и дополнителни околности поврзани со кризата и набавката на репро-материјали неопходни за непречено функционирање на работниот процес.

Во однос на платата за месец мај, истакнуваме дека не постои доцнење, бидејќи законски предвидениот рок за нејзина исплата е до 15-ти во тековниот месец“, одговориле од таму.

Лани беше објавено дека пробиштипската леарница треба да и плати казна на државата и на владата да и ја врати државната помош во висина од над 2 милиони евра. Ова било одлучено на владина седница, а казната што требаше да се плати е половина милион евра, додека државната помош што треба да се врати изнесува 101.056.278 денари.

Ваквиот епилог следува откако странскиот инвеститор од индустриската зона Неокази  не  ги реализирал планираните инвестиции во висина од 20 милиони евра како услов, иако за тоа добил одложен рок од две години поради ковид-кризата.

Слично

Поврзани вести