СТРАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА: Фабрика за етанол ќе се гради во мариовско
Ирско-американска инвестиција во мариовскиот крај - ќе се гради фабрика за етанол, во која ќе се отворат 1000 работни места. Инвестицијата вредна 250 милиони евра на ирски „Етанол Јуроп Рењуевлс“ и американскиот „Ду Понт“ треба да го заживее Мариово.
„Овој проект ќе и донесе на Македонија значителен економски раст, особено во руралните средини, потенцијално придонесувајќи со повеќе од 100 милиони евра годишен извоз и намалување на стапката на невработеност преку директни и индиректни вработувања“, вели министерот за странски инвестиции Бил Павлески.
Двете компании имаат долгогодишно искуство и екпертиза во хемиската, фармацевската и земјоделската индустрија.
Фабриката ќе почне да се гради за две години, а ќе заврши во 2018-тата. Проектот предвидува изградба на био рафинерија за етанол со капицитет од 100 милиони литри, а производството ќе биде наменето за светскиот пазар.
Слично
