Економија, финансии, бизнис

Контакт

Странците се враќаат во банките на Кипар, ограничувањата наскоро пак ќе паднат

Странците се враќаат во банките на Кипар, ограничувањата наскоро пак ќе паднат
Во следните неколку месеци кипарските власти имаат намера да ги укинат ограничувањата во банкарскиот сектор, воведени заради финансиската криза во која се најде земјата. „Ограничувањата на движењето на капиталот во кипарскиот банкарски систем ќе бидат укинати во блиска иднина, за неколку месеци, а веќе сме сведоци на зголемен влог на капитал од странски државјани“, изјави шефот на државата Никос Анастасиадис за време посетата на Катар. Сепак продолжуваат напорите на Кипар да го реструктуира банкарскиот систем, и покрај овие планови за брзо време да бидат укинати повеќето ограничувања на банкарските трансакции и движењето на капиталот. Кипар во март минатата година воведе мерки на штедење, кои вклучија и ограничувања за странскиот капитал во банките, со цел да добие финансиска помош од ЕУ, ММФ и ЕЦБ, во вредност од 10 милијарди евра.
Слично

Поврзани вести