Економија, финансии, бизнис

Контакт

Странците предупредија дека БиХ оди во ќорсокак и може да го дестабилизира регионот

Странците предупредија дека БиХ оди во ќорсокак и може да го дестабилизира регионот

Западните амбасади во БиХ ноќеска ги предупредија властите во Република Српска дека земјата ја водат кон ескалација на кризата. 

Предупредуваат дека се загрозува стабилноста на целиот регион. Претходно Парламентот на Република Српска ги поддржа предлозите на членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, за повлекување на одобрението за државните закони за одбрана, индиректно оданочување и Високиот судски и обвинителски совет. Веднаш по чинот на изгласување на заклучоците на законодавците во Бања Лука со заедничка изјава реагираа амбасадите на САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија и делегациијата на ЕУ во која се вели дека тоа е неприфатлив процес што ги поткопа темелите на Дејтонскиот договор.

Политичарите во БиХ се повикани и веднаш да престанат да ја користат запаливата реторика што води до поделби и да се вратат на работа со полн капацитет. 

Веќе неколку месеци БиХ е во криза, при што се споменуваше поделба, или нова војна. 

Слично

Поврзани вести