Странците најдоа евтина дестинација за одмор во регионот
Додека цените на одморите низ Европа и Медитеранот продолжуваат да растат, една дестинација ги изненади патниците оваа година и се искачи на врвот на листата на најприфатливи места за одмор со се вклучено. Според анализата на британската платформа TravelSupermarket за сезоната 2026, бугарскиот регион Бургас официјално беше прогласен за најевтина дестинација за летни одмори, надминувајќи ја дури и Тунис, која го држеше првото место минатата година, пишува Слободна Далмација.
Британците истакнуваат дека токму бугарскиот брег на Црното Море стана вистински хит меѓу семејствата и туристите кои сакаат прифатлив одмор без да жртвуваат содржина.
Главната предност на регионот Бургас се неговите долги песочни плажи, големиот број хотели и богатата туристичка понуда што вклучува водни паркови, ресторани, ноќен живот и бројни активности за деца.Сончев Брег, најголемото и најпознато одморалиште во Бугарија, повторно е во центарот на вниманието. Оваа дестинација на Црното Море е позната по своите речиси осум километри долги плажи, бројни хотели и жива атмосфера во текот на летото. Според „ТравелСупермаркет“, неделните пакети за јуни може да се најдат за околу 290 евра по лице, додека за време на јули и училишните распусти цените се искачуваат на околу 610 евра. Покрај сместувањето, Бугарија е и меѓу најприфатливите европски дестинации кога станува збор за секојдневните трошоци.
foto printskrin youtube
