Економија, финансии, бизнис

Контакт

Странци навалија на работа во Британија - колкав е нивниот број?

Странци навалија на работа во Британија - колкав е нивниот број?

Расте бројот на странски работници ангажирани во Велика Британија. 

Голем наплив има на работници од Бугарија и Романија. 

Бројот на вработените е зголемен за 450.000 од јули до септември годинава, во споредба со лани. Работниците родени надвор од Велика Британија, сочинуваат речиси 95% од новата работна сила или нешто повеќе од 430.000. 

Овие информации ги наведува  весникот The Times.

Овој раст на странски работници во Британија е најголем од 2004 година, кога 8 европски држави се приклучија кон ЕУ. Ова се смета и за еден од најголемите имиграциони бранови во целата британска историја. Најдраматично е зголемувањето на Романците и Бугарите во земјата, покажува националната статистика. Според податоците тие се зголемиле за 58 000 лица, или 26%, за да достигнат рекорд од 276. 000.

Медиумите и претходно пишуваа дека кадри од Источна се одлеваат во Западна Европа поради повисоки плати. 

Слично

Поврзани вести