Стотици заробени по експлозија во рудник за јаглен во Турција
Најмалку 20 рудари загинаа, а околу 300 се заробени под земја по експлозијата во рудник за јаглен во западната турска провинција Маниса. Во рудникот во Сома загинале 20 рудари, а 30 се повредени, објавил Музафер Јуртас, претставник на локалните власти во овој регион.
Во рудникот работеле повеќе од 500 луѓе, но на 200 им завршила смената непосредно пред експлозијата. Уште 300 рудари се верува дека се заробени во окната затрупани по експлозијата, на два километри под земја.
Спасувачките екипи се обидуваат да достават чист воздух до затрупаните рудари. Спасувачите успеале да стигнат до првите 30 повредени и да ги извлечат од рудникот и да ги префрлат во локалната болница.
Експлозијата се верува дека била предизвикана од проблем во електричната инсталација во рудникот. Несреќите се честа појава во турската рударска индустрија, во која безбедноста не е на високо ниво. Најголемата рударска несреќа во оваа земја беше експлозија на гас во рудник во 1992 година, во близина на црноморското пристаниште Зонгулдак, во која загинаа 270 рудари.
Слично
