Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТОТИЦИ МАКЕДОНЦИ НА УДАР: Кој може да си остане без бугарскиот пасош?

СТОТИЦИ МАКЕДОНЦИ НА УДАР: Кој може да си остане без бугарскиот пасош?

Македонците биле привилегирани во процесот на добивање бугарски пасош. Ова го посочува бугарска национална телевизија, повикувајќи се на изјавата на сведоци во истрагата за скандалот со нелегално издавање на бугарски пасоши.

Според зборови на тој сведок, околу 100 посредници биле ангажирање во собрањето на докумнети, обезбедување на фиктивни адреси на живеее и посредување во институции.

Македонците биле привилегирани, бидејќи плаќале по 1000 евра за бугарски докумнети, додека за Косовските граѓани цената била и до 5 000 евра.

-Лесно може да станете Бугарин, ако се вработите или основате фирма во Бугарија. Врз основа на трговските закони се добива статус со постојан престој. Друг начин е кога странски државјанин од земјите кои не се членки на ЕУ имаат компании и издаваат документи за отворање седиште во Бугарија. И трета опција, која најчесто се користи е добивање на документи за бугарско потекло-рекол сведокот на БНТ.

Дел од медиумите од регионот пишуваат дека почнува одземањето на нелегално стекнати пасоши но како и на кој начин не е познато. Извесно е дека без бугарскиот пасош во рака може да си останат многу Македонци.

Слично

Поврзани вести