Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сторнирана сметка само во првите 15 минути во одредени дејности

Сторнирана сметка само во првите 15 минути во одредени дејности

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска на прес-конференција истакна дека со новото законско решение фискални сметки ќе може да се сторнираат само во првите 15 минути од нивното издавање во одредени дејности, а инаку сите ќе мора да издадат и фискална на сторната сметка. Временскиот рок од 15 минути ќе важи само за служителите на промет со храна и пијалоци, како и за обложувалниците.

- Оваа обврска беше пропишана и до сега како подзаконски акт, но често не беше почитувана од даночните обврзници, но од сега нема да може да биде така со дајсната законска дефиниција и на прекршителите им се заканува затворање на објектот. Анализата покажува дека износот на сторните сметки изнесува милијарда денари на годишно ниво, а такви издаваат дури и погребалните друштва.  - изјави Лукаревска.

Слично

Поврзани вести