Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стопирано тргувањето со акции на „Топлификација“, судот одлучи да се отвори стечајна постапка

Стопирано тргувањето со акции на „Топлификација“, судот одлучи да се отвори стечајна постапка

Македонска берза денес времено го прекина тргувањето со акциите издадени од Топлификација АД Скопје во очекување друштвото да објави известување во врска со предлогот за отворање на стечајна постапка над Топлификација АД Скопје. 

Имајќи го предвид објавеното известување од Топлификација АД Скопје на СЕИ-НЕТ, тргувањето со акциите издадени од Топлификација АД Скопје ќе продолжи во 10:45 минути. 

На рочиштето одржано во петокот, судот одлучи да се отвори стечајна постапка над друштвото Топлификација АД Скопје, без судот претходно да донесе Решение. На вака донесената одлука, Топлификација АД Скопје ќе поднесе аргументирана Жалба. Топлификација АД Скопје

На 25 април друштвото Битар Холдингс Лимитед (сопственик на 89,2% во ТЕ‐ТО АД Скопје) поднесе Предлог за отворање на стечајна постапка над друштвото Топлификација АД Скопје. Во текот на предстечајната постапка, на рочиште одржано на 18 октомври 2018 година, на реакција од „топлификација“, судот констатираше дека ќе се прозинесе со писмено решение за стечајот.


Слично

Поврзани вести