Стопирани кредитите за подобрување на општинските услуги во Македонија?
Светска банка ги стопирала кредитите за подобрување на општинските услуги во Македонија, објави БИРН.
Според дипломатски извори на кои се повикуваат, Светска банка ја прекинала втората фаза од програмата со која требало да се обезбедат заеми за 57 општини. Тоа се пари за инвестиции во инфраструктурата или изградба и доградба на локални патишта, канализациони мрежи и друга општинска инфраструктура.
БИРН пишува дека Бордот на директори на Светска банка дал инструкции за запирање на кредитите, на барање на неколку земји-членки на оваа меѓународна финансиска институција.
„Бордот на директори на Светска банка даде инструкции во Скопје да не се продолжува втората фаза од програмата додека не се одржат кредибилни избори во земјата“- вели дипломатски извор за БИРН.
Од канцеларијата на Светска Банка ниту ја потврдија ниту ја демантираа информацијата. Соопштение ќе има во наредните денови.
Слично
