СТОПИРАНА ПРОДАЖБАТА НА НОВИ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА: Џенерал Моторс има софтверски проблеми
Американскиот производител на автомобили Џенерал Моторс ја прекина продажбата на целосно новиот електричен автомобил Шеви Блејзер, откако некои клиенти пријавија софтверски проблеми.
„Задоволството на клиентите е наш приоритет и затоа ќе направиме кратка пауза за новите испораки“, рече потпретседателот на Глобал Шевролет, Скот Бел, според Си-Ен-Ен.
Производителот на автомобили рече дека работи на решавање на проблемот и дека сопствениците на Chevy Blazer EV ќе мора да ги ажурираат своите автомобили во дилерите.
Џенерал Моторс изјави дека проблемите со квалитетот на софтверот не се поврзани со безбедносни прашања или со погонскиот систем.
Chevy Blazer беше лансиран на пазарот пред само неколку недели како SUV од страна на General Motors.
Фото: Принтскрин/Твитер
