Стопирана постапката за случајот „Поткуп“
Кривичниот суд Скопје донел решение со кое се запира постапката за случајот „Поткуп“, каде што е обвинет лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев. Адвокатот на Заев, Филип Медарски најави жалба до Апелацискиот суд, а за одлуката вели дека е спротивна на Уставот и законите. Во решението на судот стоело дека истото е донесено врз основа на одлуката за аболиција на претеседателот Ѓорге Иванов која е објавена во Службен весник. Досега процесот беше одложен два пати. Во случајот „Поткуп“, Заев е обвинет за примање поткуп од 200.000 евра за легализација на градежно земјиште.
Слично
