СТОПИРАНА ИЗГРАДБА НА ПРУГА КОН ГРЦИЈА: Ќе извисат домашните компании што работеа?!
Нема информација дали македонските компании што работеа на пругата кон Грција ќе извисат.
Не се знае ниту дали некоја од компаниите што беше дел од бугарскиот конозрциум е во стечај, и како во таков случај домашните компании што беа ангажирани како подизведувачи ќе успеат да си го наплатат сработеното?
Практично, останува да виси проблемот со домашните фирми што биле анагажирани како подизведувачи, а кои сега се без пари, иако изведувачот, во случајот бугарскиот конзорциум добил пари од македонската држава.
Како што Фактор извести, стопирана е изградбата на пругата кон Грција, во делот од Битола до Кременица. Причината е во тоа што бугарскиот конзорциум што беше избран да ја гради железничката траса не го испочитувал договорот, поради што истиот е раскинат.
Сега освен што нема пруга, прашање е како ќе се обештетат домашните компании што беа подизведувачи.
За ваквите проблеми со кои се соочија домашните компании, Мисајловски им порачува да превземат мерки согласно договорите што ги потпишале со бугарските компании од конзорциумот, бидејќи во тоа државата немала никаква улога.
„Им ја објаснив состојбата и на менаџерите од овие компании кои биле подизведувачи, и мислам дека ме разбраа, затоа што тие имаат потпишано договори кои не се со согласност од министерството, и ние тука немаме ништо, тие треба да постапат согласно потпишаните договори“, изјави министерот за транспорт о врски Владимир Мисајловски.
