Стопанствениците на средба со директорот на ЦЕФТА
Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе се одржи работна средба на која ќе се зборува за „Имплементација на ЦЕФТА – патот за во иднина.
За имплементацијата на ЦЕФТА и идните приоритети и обврски на регионот во однос на тој договор и за Стратегијата за ЈИЕ 2020 и вклучувањето на Македонија во неа ќе говори Рената Витез, извршен директор на ЦЕФТА- Секретаријатот, со седиште во Брисел.
Според Стопанската комора на Македонија, по либерализацијата на трговијата, усогласувањето на регулативата за конкурентност, за јавните набавки, за државна помош и др., продолжува процесот на имплементација на ЦЕФТА 2006.
Претстои либерализација на услугите, усогласување на регулативата за инвестиции, интелектуална сопственост, во финансискиот сектор, создавање на добавувачки синџири, инфраструктурно поврзување… Регионот, со помошта на ЦЕФТА, треба да се трансформира во партнер со капацитет на ЕУ.
Слично
