Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стопанската комора со план „Б“ за развој на македонската економија!

Стопанската комора со план „Б“ за развој на македонската економија!

Стопанската комора на Македонија ќе изврши  комплетна ревизија на законите кои беа носени под притисок со цел што побрзо да се интегрираме во европското законодавство, а кај кои се покажаа подоцнежни аномалии. Како што најави потпретседателот на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев за време на Форумот на тема „Земјите од Западен Балкан - регионална инвестициска дестинација и заеднички настап на трети пазари“, ваквитѕе закони направиле големи проблеми.

„Цениме дека законите донесени под притисок на Европската унија предизвикуваат сериозни пречки или големи трошоци  на македонските компании. Ќе извршиме нивна сериозна ревизија и ќе предложиме  измени или суспензија на нивната имплементација до времето кога Македонија навистина ќе биде пред прагот на Европската унија. Сега овие закони се само пречка за натамошниот развој на македонската економија“, рече Пешев и додаде дека значаен дел од овие закони се против интересите на македонското стопанство и предизвикуваат, како што рече, значителни трошоци без никаква логика.

Според него, ова не значи дека ги затвораме вратите кон Европската унија , бидејќи Унијата и  понатаму ќе биде нашиот најголемиот трговски партнер, но не е потребно сами себе да си поставуваме бариери кои не се нужно потребни особено заради сигналите кои ги добиваме и кои од македонската европска перспектива прават стратегија која е подолга од десеттина години.

Пешев се надева дека Владата ќе ја поддржи оваа иницијатива на Стопанската комора.

Во делот на прогнозите за идната година , Пешев не е оптимист, но како што вели затоа Стопанската комора на Македонија одлучила 2013-та да ја посвети на пронаоѓање нови пазари.

- Македонија сериозно треба да го изревидира својот однос кон своите глобални стратешки партнери и очекуваме во  најскоро време да воведе алтернативни пазари, односно полека да се имплементира она што се вика план „Б“ за развојот на македонската економија. Во тој правец Стопанската комора ќе биде добар партнер на оваа и  на секоја наредна влада зашто првенствен интерес за Македонија е излез спрема надворешните пазари, посочи Пешев.

Слично

Поврзани вести