Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стопанската комора ќе додели признанија на најхрабрите компании кои инвестирале во криза

Стопанската комора ќе додели признанија на најхрабрите компании кои инвестирале во криза
По повод 91 година од основањето, Стопанската комора на Македонија денеска ќе ги им додели признанија на компаниите и менаџерите кои во кризниот период, од 2008 година до денес, беа храбри да инвестираат во нови производни погони, како и на компаниите и менаџерите кои гледајќи го својот прогрес во регионалното проширување, отворија производни погони во странство. Како што информираат од СКМ, Стопанската комора е водечка бизнис-асоцијација. Функционира од 1922 година, членка е на бројни меѓународни организации и институции и соосновач на мешовити комори и деловни совети. Има околу 15.000 членки од кои најголемиот број се мали и средни претпријатија. Членките на Стопанската комора имаат доминантно учество во формирањето на сите макроекономски индикатори на ниво на државата, БДП, измирување на обврските кон државата, вработување, надворешно-трговска размена... Комората со својата активност даде огромен продонес за развојот на македонското стопанство, а пред се, за стручното оспособување на кадрите, подобрување на квалитетот на производството, развојот и афирмацијата на стопанските потенцијали преку пропаганда, промотивна и претставничка функција на одредени специјализирани организации чиј основач беше.
Слично

Поврзани вести