Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТОПАНСКАТА КОМОРА ЈА ПОЗДРАВУВА ОДЛУКАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА ПЕНДАРОВСКИ ДА ГО СВИКА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА

СТОПАНСКАТА КОМОРА ЈА ПОЗДРАВУВА ОДЛУКАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА ПЕНДАРОВСКИ ДА ГО СВИКА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА

Енормниот раст на цената на струјата но и на останатите енергенси како клучна компонента во производствената цена е топ приоритетно прашање за бизнис секторот.

Тоа прашање е отворено уште од септември 2021 година од наша страна. Укажувано, разработувано, предлагани се конкретни мерки, затоа што ова е прашање кое веќе одреден период нема компанија која не го става во приоритетните проблеми за кое бара итно решавање.

Изминатата недела конечно се случи потребното свртување на надлежните органи кон справувањето со ова важно прашање. Владата максимално се ангажира за поддршка на компаниите. Во Комората се одржа важна средба со ЕВН за проблемите за инсталирање фотоволтаични централи. Во понеделник во Комората ќе дојде раководството на ВМРО-ДПМНЕ со нивните градоначалници на средба со компаниите, исто така со намера да помогнат околу разрешување на овие проблеми.

Во таа насока се и дел од договорените одлуки вчера во Софија во рамки на официјалната посета на премиерот на Владата на РСМ Димитар Ковачевски со министрите за надворешни работи Бујар Османи и за економија Крешник Бектеши, директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и Виктор Андонов, соработник за енергетика, на која со премиерот на Република Бугарија Галаб Донев и претседателот Радев е разговарано за состојбата во енергетскиот сектор и кризата на светско ниво, како и за начините за решавање на енергетската криза и недостигот на енергенси со акцент на потребите за стопанството кое во нашата државата е на слободниот пазар и не може да го издржи високиот раст на цената на електричната енергија на светските берзи.

И денешниот состанок на Советот за безбедност е уште еден чекор во градењето на национален консензус за поддршка на бизнисот кој е основата на која почиваат сите други работи во државата и плус тоа, тоа е единственото врзно ткиво во сите поделби кај нас и во регионот. Не знам дали е ова доволно јасно, но не би се осмелил да го проверувам затоа што реалноста може да биде многу сурова и да нема враќање назад.

Слично

Поврзани вести