Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стопанска комора: Позитивен тренд во текстилната индустрија

Стопанска комора: Позитивен тренд во текстилната индустрија

Состојбите во текстилната индустрија се подобруваат, соопшти денеска Стопанската комора на Македонија.

Извозот е зголемен за осум отсто и во првите шест месеци достигна 337 милиони долари наспроти евидентираните 310 милиони истиот период лани. Увозот, пак, е 255 милиони долари и е на речиси исто ниво како во 2012-та.

- Овој позитивен тренд што го покажуваат и резултатите од зголемувањето на извозот, е пред се и делумно од заживувањето на економијата во ЕУ, како и од зголемувањето на цената на готовите производи, рече Сашо Деспотовски од Комората на прес-конференција.

Стопанската комора уште еднаш апелира на потребата од интензивна соработка меѓу науката, државата и бизнисот за зголемување на иновативноста што е, беше речено, чекор напред кон ЕУ.

- За да бидеме поконкурентни мора да добиеме поддршка од државата преку поволни кредити или гарантни фондови. Така ќе го подобриме квалитетот и ќе ја зголемиме конкуренцијата, напомена Деспотовски според кој, Македонија во однос на опкружувањето има помала продукција што е разултат на ниската автоматизација.

Според Стопанската комора, за една година може да се очекуваат и првите акредитирани анализи на текстилните производи во лабораторијата на Технолошко-металуршкиот факултет која е веќе опремена.

Досега испитувањата се вршеа во странство и беа многу поскапи.

Слично

Поврзани вести