Стопанска комора: Компаниите земаат кредити кога државата многу им должи
Анкетата на Стопанската комора на Македонија открива дека голем број на компании се соочуваат со потешкотии при наплатата на побарувања од државните фирми и институции и за да останат ликвидни мора да земаат кредити за да ги исполнат нивните обврски кон доверителите.
„Проблем со поврат на ДДВ имаат 3 отсто од компаниите, кои наведуваат дека многу тешко оди повртатот на ДДВ кога се во прашање повисоки месечни суми. Компаниите укажуваат дека ако износите се над 2, 3 или 5 милиони денари, тогаш повратот на ДДВ оди тешко“ информира Билјана Пеева Ѓуриќ од Стопанската комора.За надминување на проблемот, од Стопанската комора бараат нова измени на Законот за извршување, со кои ќе се озможи компаниите да ги напалатуваат побарувањата од слободната парична маса, односно од сметки на јавните претпријатија и институции. Досега и во судските процеси се носат одлуки дека сметките на државните субјекти се неопходни за исполнување на нивната дејност, па извршувањето не се реализира.
„Со ова решение компаниите се целосно оневозможени да ги наплатат побарувањата и како Стопанска комора бараме да се постигне рамноправност меѓу субејктите“ рече Пеева Ѓуриќ.Инаку наплатата на помали суми на поврат на ДДВ е поефикасна и само 3% од испитаните компании имале проблеми во оваа категорија. Во анкетата на оваа бизнис-асоцијација биле вклучени 800 компании.
Слично
