Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТОПАНСКА БАНКА-СКОПЈЕ: Година на историски резултати и ниски камати! 

СТОПАНСКА БАНКА-СКОПЈЕ: Година на историски резултати и ниски камати! 
Го прослави големиот 70 ти по ред роденден, заедно со клиентите но и со донација за оние на кои најмногу им е потребна помош, децата од неколку клиники во земјава. Хуманитарната акција заврши со собрани еден милион насмевки и донирана медицинска опрема во повеќе градови. Во годината што измина, Стопанска Банка прва го почна процесот на намалување на каматите за станбените кредити, со што ја предизвика конкурентската битка за освојување на клиенти. Крајниот резултат е историско најниски камати за овој вид на кредити. “Историски гледано, 2014 година е најуспшена година за банката од аспект на профитабилноста, капиталната и ликвидносната позиција на банкарскиот пазар и е добра основа за уште една успешна 2015 година“, вели за Фактор еден од директорите на банката Тони Стојановски. “Годинава имаше раст и на кредитната и на депозитната база, продолживме со иновативни производи, користејќи најнови технологии со цел да им се доближиме на клентите. Во исто време почна и операцијата за обновување на мрежата на фелијали“, вели Стојановски. stopanska4 Оваа банка, која е водечка во банкарскиот сектор во земјава, како дел од грчката групација НБГ и натаму се смета за едно од највредните парчиња на банкарската групација од Грција. “Стопанска банка е една од најдобрите банки во нашата групација, пример како луѓе од различни пазари, земји и култури можат успешно да соработуваат за бенефит на сите. Од денешна перспектива можеме да заклучиме дека одлуката на НБГ да инвестира во Стопанска банка беше вистинска стратегиска одлука. Континуирано инвестиравме во вработените, ИТ системот како и во зголемување на капиталот, за да Стопанска биде една од најдоверливите и препознатливи банкарски брендови во земјата. НБГ очекува да генерира вишок од приближно 2 билиони евра, според истражувањето на стрес тестот кој го реализира ЕБРД, така што сме оптимисти за иднината на нашата групација“, оцени Маринос Стратопулос, генерален директор на сектор за меѓународни активности на НБГ. Кредити за стопанството и за граѓаните....  Во 2014 та година, банката не отстапи од политиката на финансирање на крупни и значајни проекти и бизнис планови на компаниите. Еден од нив е проектот за изградба на систем за отпрашување на погонот Челичарница. За овој проект со еколошки предзнак, Стопанска Банка одобри кредит во вредност од 11 милиони евра. Генералниот директор на банката Диомидис Николетопулус изјави: “Банката нема да застане со финансирање на стопанството. Сите проекти кои се издржани и ги исполнуваат критериумите, ќе бидат поддржани“, рече директорот на Банката. Преходно, банката на Макстил одобру уште еден кредит од 24,5 милиони евра, со што таа и во 2014 та година демонстрираше позначајна кредитна поддршка која се бори во десетици милиони евра. stopanska3 Во меѓувреме, банката продолжи со генерирање на позитивни финансиски резултати. Заклучно со  третиот квартал вкупната добивка на банката за периодот јануари-септември изнесува 1,35 милијарди денариили 21,9 милиони евра. Според податоците, третиот квартал односно периодот јули-септември е најуспешниот профитен период во 2014та,  затоа што добивката остварена во него е поголема за 1,3 милиони евра односно 15 отсто повеќе од просечната квартална добивка на  банката. Од анализата на билансот особено внимание заклужуваат перформансите на банката за периодот јули-септември. Нето приходот од камати во овој интервал е зголемен за 800 милиони денари со што го надминува кварталниот просек за првите две тромесечја годинава. Исто така има голем раст на нето приходот од провизии и надоместоци во однос на кварталниот просек за првите две тромесечја. Во својата јубулејна година, Стопанска банка започна нова, промотивна и единствена понуда на пазарот на станбени кредити. За сите поднесени барања за станбен кредит во периодот од 03.11. до 31.01.2015 година, се добива промотивнакаматна стапка од 3% во првите три години, што претставува исклучителна можност за сите оние кои размислуваат за станбен кредит.  Хуманост, општествена одговорност...  По повод својот јубилеј – 70 години постоење и функционирање, Стопанска банка обезбеди донација на софистицирана опрема во детските здравствени установи низ Македонија, чии средства беа собрани како резултат на големата хуманитарна акција со наслов „Подари насмевка“. SB-Podari nasmevka Оваа акција што ја организираше во период од јуни до октомври заврши со донација на уникатна медицинска опрема, единствена во државата и во регионот, напреден ехо апарат, кој овозможува подобра и навремена дијагностика и правилен медицински третман на децата, наменета за Детската клиника во Скопје. Донации имаше и во останатите градови како Струга, Струмица, Куманово и Прилеп. “Стопанска банка АД – Скопје останува лидер не само во банкарскиот сектор туку и во општествената одговорност, активност со која посебно се гордееме“, изјави првиот човек на банката Николетопулус. Д.А. [box type="shadow" ]Иако 2014-та година ќе остане запишана како година во која македонската економија прикажа најголем раст на БДП во однос на регионот, факт е дека земјата се уште е далеку од посакуваните силни економски резултати или показатели. Сепак, изминатата година ќе биде година за паметење за десетина големи и средни македонски компании. Некои од нив успеаа од зоната на неликвидност да испливаат кон позитивни резултати, други градеа рекорди, трети се проширија во својот бизнис или добиваа и добиваат се повеќе нови клиенти. „Алкалоид“, „Адора Инжинеринг“,„Кроација осигурување живот“, „Шпаркасе Банка“, „Стопанска Банка Битола“, „Стопанска Банка Скопје“, „ЕВН“, „Жито Маркети“, „Здравје Радово“, „ЕДС“ „Уни Банка“, растеа заедно со предизвиците на македонската економија, успешно градејќи го својот корпоративен имиџ, како дома, така и во странство. Сите овие компании, од прва до последна покажаа и грижа за општеството, за оние на кои им е најпотребна помошта, на нашите соседи, пријатели, знајни и незнајни херои, со кои судбината на неубав начин си поиграла. Затоа тука се општествено одговорните компании, кои растот на својот бизнис секогаш го следеа со постојани хуманитарни акции. Тие покажаа дека бизнисот не е само сурова трка по пари, туку многу повеќе од тоа. Во изборот на „Фактор“ новинарите ги посочија токму набројаните фирми како бизнис-лидери на 2014-та година.[/box]
Слично

Поврзани вести