СТОПАНСКА БАНКА Каматите го растат профитот!
„Стопанска банка Скопје“ во првиот квартал годинава има најголема добивка во банкарската конкуренција - 6 милиони евра.
Изненадувачки е тоа што „Стопанска банка Скопје“ сама има поголема добивка од другите две големи банки. (може да се види во табелата подолу)
Билансот на „Стопанска банка Скопје“ покажува дека нето приходот од камати за првите три месеци изнесува 878,17 милиони денари и е за речиси 55 милиони денари поголем од приходот по истиот основ лани.
Банката добро држи и кај втората по големина приходна ставка – нето приходот од надоместоци и провизии и тој изнесува 228 милиони денари и дури бележи минимален раст.
Од расходната страна на билансот евидентно е дека банката ја засилила кредитната активност затоа што го зголемила и износот на резервирани средства кои мора да ги чува заради ризик од лоши пласмани.
Износот на резервациите во првиот квартала годинава е 124 милиони денари наспрема 85,3 милиони денари кои ги имала во истиот период лани.
Значаен раст, а процентуално највисок, на трошоци банката има кај ставката расходи за вработените. Тука трошокот пораснал до износ од 193,56 милиони денари што е за 14 милиони денари повеќе од првиот квартал лани.
Слично
