Стопанска Банка – Битола се стекна со 1,90 % од акциите на „Европа“
На блок трансакција на берзата денеска беа истргувани 1, 90 % од акциите на фабриката за кондиторски производи „Европа“ Скопје.
Вкупната вредност на трансакцијата изнесува 11.180.300 денари, со остварена цена по акција од 2.300 денари. Вкупната количина на продадени акции е 4861 акција.
Фактор дознава дека купувач на акциите е Стопанска Банка – Битола. Станува збор за извршување по основ на неплатени судски долгови.
Инаку, пред неколку дена Стопанска Банка – Битола, продаде 18 % од акциите што ги поседуваше во „Европа“ на Друштвото за трговија, производство и услуги АС ”Сењак“ увоз-извоз од Кичево.
Претходните акции, што банката ги имаше во „Европа“ исто така беа купени по основ на извршување на неплатени судски долгови кон банката.
Слично
