Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стопанска банка Битола од денеска со нова експозитура во Велес

Стопанска банка  Битола од денеска со нова експозитура  во Велес
Стопанска банка а.д. Битола од денеска го зголеми своето семејство. Банката денес отвори нова експозитура во центарот на Велес. Новата експозитура, сместена на фреквентна локација во центарот на градот, овозможува лесна интеракција на клиентите со Банката и претставува уште еден чекор напред во определбата на Банката за целосно задоволување на потребите на сегашните и идните клиенти. Експозитурата е уредена и опремена според највисоките европски стандарди. Стопанска банка а.д. Битола и во иднина ќе продолжи да ја исполнува својата стратешка определба за надградување на своите услуги и развивање на своите производи, а со цел да ги задоволи потребите на клиентите во согласност со европските трендови и стандарди e ставот на менаџментот на банката.
Слично

Поврзани вести