СТОПАНСКА БАНКА – БИТОЛА: Како растеше банката, така растеше довербата!
Откако во 2013-та излезе од негативна зона, Стопанска Банка – Битола полека, но сигурно почна да се позиционира на банкарскиот пазар во земјава.
Банката ја зголеми кредитната понуда а и за штедачите понуди различни банкарски опции за штедење. Банката во 2014 година го прошири семејството со нови експозитури во Скопје, Кавадарци и Велес.
Заклучно со деветтиот месец од 2014 година банката прикажа прикажа профит од 2,25 милиони евра. На приходната страна, во делот на приходите од камата има зголемување за 178% во споредба со лани, истиот период. На страната на расходите банката прикажа раст на каматните расходи за 9,23%, како резултат на зголемениот депозитен потенцијал. Банката прикажа и раст кај останатите приходи од дејноста, дури за два пати повисоки од минатата година, главно како капитални добивки од продажба на дел од преземениот имот.
Уште на почетокот од 2014 та година, менаџментот на банката постави цел за натамошна внатрешна финасиска косолидација и зајакната контрола.
“Во контекст на подобрувањето на финансиските резултати банката во 2014-та, ќе продолжи со преземање на соодветни мерки и активности за наплата на нефункционалните кредити и продажба на превземениот имот како и контрола на трошоците со цел понатамошно подобрување на финансискиот резултат. Курсот на банката и понатаму ќе биде насочен кон одржување на трендот на раст на нето приходите од камати и провизии со што би се создале услови за дополнително подобрување на финансискиот резултат“, одлучија акционерите на банката.
Во делот на понудата за клиентите, банката на штедачите им понуди повеќе можности како: Долгорочни денарски и девизни депозити со фиксен стимулативен додаток, орочени и отворени штедни влогови, скалест депозит, детско штедење.
Во делот на кредитната понуда, за фирмите банката нуди краткорочни и долгорочни, девизни и денарски кредити, потоа кредити за ликвидност, кредтни линии преку Македонската Банка за поддршка на развојот, Програма за кредитирање на мали и средни претпријатија, Кредитна линија од ЕБОР и друго.
Банката се доближува до граѓаните – се отворија нови експозитури..
Како дел од деловната стратегија, во годината што измина, а во насока на зајакнување на сопствените позиции на пазарот Стопанска банка АД Битола постави цел за проширување на деловната мрежа низ Македонија.
Така,Стопанска банка Битола ја отвори својата експозитура во центарот на Кавадараци.
„Целта на менаџментот на Стопанска банка Битола е преку оваа нова инвестиција уште повеќе да се доближи до потенцијалните клиенти од овој регион и на тој начин да им ги направи услугите и производите кои банката ги продава подостапни на правните и на физичките лица од Кавадарци и Кавадаречко.“, информираа од банката.
Во септември банката отвори нова експозитура и во центарот на Велес.
„Новата експозитура, сместена на фреквентна локација во центарот на градот, овозможува лесна интеракција на клиентите со Банката и претставува уште еден чекор напред во определбата на Банката за целосно задоволување на потребите на сегашните и идните клиенти. Експозитурата е уредена и опремена според највисоките европски стандарди“, соопштија од банката.
Во јуни банката и во центарот на Скопје почна со работа нова експозитура уредена и опремена според највисоки стандарди.
На крајот на 2014 година, банката со согласност на Народната Банка, за член на Управен одбор и Претседател на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола повторно е назначен м-р Владимир Ефтимоски.
Д.А.
[box type="shadow" ]Иако 2014-та година ќе остане запишана како година во која македонската економија прикажа најголем раст на БДП во однос на регионот, факт е дека земјата се уште е далеку од посакуваните силни економски резултати или показатели. Сепак, изминатата година ќе биде година за паметење за десетина големи и средни македонски компании. Некои од нив успеаа од зоната на неликвидност да испливаат кон позитивни резултати, други градеа рекорди, трети се проширија во својот бизнис или добиваа и добиваат се повеќе нови клиенти. „Алкалоид“, „Адора Инжинеринг“,„Кроација осигурување живот“, „Шпаркасе Банка“, „Стопанска Банка Битола“, „Стопанска Банка Скопје“, „ЕВН“, „Жито Маркети“, „Здравје Радово“, „ЕДС“ „Уни Банка“, растеа заедно со предизвиците на македонската економија, успешно градејќи го својот корпоративен имиџ, како дома, така и во странство. Сите овие компании, од прва до последна покажаа и грижа за општеството, за оние на кои им е најпотребна помошта, на нашите соседи, пријатели, знајни и незнајни херои, со кои судбината на неубав начин си поиграла. Затоа тука се општествено одговорните компании, кои растот на својот бизнис секогаш го следеа со постојани хуманитарни акции. Тие покажаа дека бизнисот не е само сурова трка по пари, туку многу повеќе од тоа. Во изборот на „Фактор“ новинарите ги посочија токму набројаните фирми како бизнис-лидери на 2014-та година.[/box]

Слично