Стопанска банка Битола има над еден милион евра нето приход од камати за три месеци
Во последните три месеци приходите од камати се зголемени за 95 милиони денари во споредба со состoјбата на крајот на јуни, но поради тоа што има големо намалување на овие приходи во споредба со лани банката бележи загуба од 34,3 милиони денари
Стопанска банка Битола успеала да ги зголеми приходите од камати за 95 милиони денари во периодот јули-септември, покажуваат податоците од билансот на успех за првите девет месеци што ги објави таа домашна деловна банка. Растот на нето приходите од камати во овој период изнесува 65 милиони денари односно над 1 милион евра, а за периодот од почетокот на годинава до крајот на септември нивото на нето приходите од камати изнесува 191,35 милиони денари.
Банката за периодот јули-септември успеала да оствари солиден раст на нето приходите од камати во услови во кои приходите од камати За првите девет месеци вкупните приходи од камати се пониски за 170 милиони денари споредено со приходите од камати во овој период минатата година.
Кај приходите од провизии и надоместоци банката бележи мал раст од околу 7 милиони денари до ниво од 84 милиони денари. Нето приходите од втората по големина приходна ставка за првите девет месеци годинава изнесуваат 63 милиони денари и во споредба со истиот период лани на нето основа се повисоки за речиси 3 милиони денари.
Во првите девет месеци годинава банката издвоила околу 60 милиони денари за резервации на своите побарувања и таа ставка во споредба со истиот период лани е повисока за 20 милиони денари. Најголема расходна ставка во билансот на Стопанска банка Битола се трошоците за вработените ко изнесуваат 112,4 милиони денари и во споредба со истиот период лани се повисоки за 15 милиони денари. Најголема заштеда на расходната страна банката има кај ставката загуби заради оштетувања на нефинансиски средства на нето основа каде износот е преполовен во споредба со лани и сега изнесува 34,4 милиони денари. Сепак заради големото намалување на приходите од камати банката не успеала да го заврши овој квартал односно првите три квартали во добивка и нејзиниот финансиски резултат е негативен и загубата за периодот јануари-септември изнесува 52,6 милиони денари. Лани во истиот период финансискиот резултат на банката бил добивка од 138,5 милиони денари.
Слично
