Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стопанска банка АД Скопје ќе ја користи владината програма за практиканти

Стопанска банка АД Скопје ќе ја користи владината програма за практиканти
Стопанска банка АД Скопје се вклучила во една од активните мерки за вработување што ги нуди македонската Влада - Програмата за практиканство со која се предвидува зголемување на вработливоста кај младите невработени лица. Министерот за труд и социјала Диме Спасов денеска на директна средба со претставници на банката информираше за активните мерки и програми кои што ги имплементираат Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија, но и се заблагодари на Банката за одлуката да учествува во една од мерките. “Програмата за практиканство за која веќе е распишан оглас со кој што ќе се обезбеди поддршка за евидентирани невработени лица до 29 годишна возраст, за истите да се стекнат со одредени практични знаења и вештини. Годинава, со оваа програма се планира да бидат опфатени 319 лица и за таа цел се обезбедени средства во висина од 5.150.000,00 денари”, рече министерот Спасов. Со Програмата за практиканство се планира да бидат опфатени млади невработени лица до 29 годишна возраст (активни баратели на работа) кои имаат завршено најмалку средно образование, преку нивно вклучување во програми за практиканство за период од три месеци. За спроведување на оваа програма, ќе се исплаќаат по 6.200 денари за лице месечно со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.  
Слично

Поврзани вести