Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТОП ЗА СВИНСКО МЕСО: Забрана од АХВ за увоз од Србија

СТОП ЗА СВИНСКО МЕСО: Забрана од АХВ за увоз од Србија

Од денеска Македонија воведе забрана за увоз на свинско месо и преработки, како и увоз и транзит на живи домашни и диви свињи од Србија, по веста дека во оваа земја се појавила африканска чума.

Директорот на АХВ Зоран Атанасов за МИА потврдил дека во Србија има африканска свинска чума, и тоа во околината на Белград, Младеновац, Смедеревска паланка...

Претходно, на прес-конференција за антраксот, Атанасов соопшти дека во Република Северна Македонија африканска свинска чума нема. Состојбата будно се следи, а превентивните мерки се подигнати на максимално ниво, а алармот за африканската свинска чума се вклучи по информацијата дека во Бугарија бројот на жаришта е зголемен.

Слично

Поврзани вести