Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТОП ЗА СВАДБИ, СЕ ЗАТВОРААТ НОЌНИТЕ КЛУБОВИ: Црна Гора со нови мерки против ковид

СТОП ЗА СВАДБИ, СЕ ЗАТВОРААТ НОЌНИТЕ КЛУБОВИ: Црна Гора со нови мерки против ковид

Во Црна Гора со новите епидемиолошки мерки, кои важат од денеска, се забрануваат новогодишни прослави на отворено, свадби на отворено и во затворени простории, како и работа на ноќни клубови.

Исто така, работното време на угостителските објекти е ограничено до полноќ и забрането е организирање ученички екскурзии и патувања, приватни прослави и родендени, а престој во куќи и станови се препорачува само на членовите на исто домаќинство.

Националниот дигитален сертификат за КОВИД и претходно беше услов за преминување на државната граница, за престој во угостителски објекти, за присуство на приредби и спортски натпревари.

Владата на Црна Гора сѐ уште ја разгледува можноста од 1 декември да воведе обврска за поседување Национален дигитален сертификат за КОВИД за целата јавна администрација - здравство, образование, полициска управа, армија, пренесува РТЦГ.

Доколку се донесат овие мерки, од 1 декември, Националниот дигитален сертификат за КОВИД ќе биде неопходен за влез во јавен превоз, трговски центри, спортски сали, деловни простории и деловни објекти во кои дејноста ја вршат повеќе од три компании, односно претприемачи и објекти, поголеми од илјада метри квадратни во кои се врши малопродажба на непрехранбени производи.

Слично

Поврзани вести