Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТОП НА ГРАНИЦА: Вратени над 10 тони јагнешка кожа од Албанија поради ризик од чума

СТОП НА ГРАНИЦА: Вратени над 10 тони јагнешка кожа од Албанија поради ризик од чума

Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан спречиле влез на пратка од над 10 тони јагнешка кожа по потекло од Република Албанија, која, како што информираат од Агенцијата, требала да транзитира низ нашава држава.

Пратката, како што информираат од АХВ, е вратена согласно донесените превентивни мерки за заштита од ширење на болеста чума кај мали преживари која е присутна во соседна Албанија.

- Со оваа одлука, АХВ уште еднаш покажа високо ниво на професионалност и подготвеност за навремена превенција од потенцијални здравствени ризици - се вели во соопштението од АХВ.

Од АХВ нагласуваат дека пратката е откриена во рамки на засилените контроли на граничните премини, како и дека АХВ уште еднаш ја потврди својата клучна улога како чувар на јавното здравје, безбедноста на храната и заштитата на домашното производство.


Слично

Поврзани вести