Економија, финансии, бизнис

Контакт

Столтенберг во Тирана: Споровите се решаваат со дијалог

Столтенберг во Тирана: Споровите се решаваат со дијалог

Генералниот секретар на НАТО ги повика сите политички актери во Албанија со дијалогот да ја  решаваат политичката криза.


Осврнувајќи се на регионалните протести, Столтенберг уште еднаш изрази загриженост во врска со мешањето на Русија во домашните процеси на државите кои се дел од Алијансата.

„ Политичките несогласувања се дел од демократијата и не е знак на слабост, тоа е знак на сила. Она што е неприфатливо е употребата на секаков вид насилство и напор за поткопување на демократските институции. Јас ве поттикнувам целосно да ги почитувам демократските институции на сите земји-членки. НАТО е политичка и воена алијанса базирана на темелните вредности на демократијата, владеењето на правото, демократските институции“, рекол Столтенберг, пренесуваат албанските медиуми.

Генералниот секретар на НАТО при денешната посета на Тирана истакна дека секој спор мора да се реши преку политички дијалог и учество во демократските процеси.


Слично

Поврзани вести