Столтенберг вели дека дронот не бил вооружен: Kога му снемало гориво се урнал во областа на Загреб
Дронот кој падна врз Загреб беше невооружен, вели генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Тој денеска изјави дека не станувало збор за вооружен напад. Столтенберг рече дека истрагата сѐ уште не е завршена и дека утврдуваат фактите. Вели дека Хрватска, Унгарија и Русија допрва треба да ги разменат сите податоцои за овој инцидент и потесно да соработуваат. Според него, се работело за извиднички дрон.
„И кога му снемало гориво се урнал во областа на Загреб“, додаде тој.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ повторно изјави дека дронот бил вооружен.
Дронот падна во Загреб во четвртокот. Потоа и на ливада во Романија имало паднат дрон.
Слично
