Економија, финансии, бизнис

Контакт

Столтенберг: Турција не побарала воена помош од НАТО

Столтенберг: Турција не побарала воена помош од НАТО

Турција не побарала воена помош од НАТО за своите кампањи против „Исламска држава“ и Курдската работничка партија (ПКК).

Ова го соопштил генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во интервју за „БиБиСи“.

Во своето обраќање тој ги предупредил и властите во Анкара да внимаваат, бидејќи нивните напади би можеле да го загрозат напредокот кој беше постигнат во последниве години во мировниот процес меѓу Турција и курдските милитанти.

Амбасадорите во НАТО треба да одржат состанок во четвртокот по барање на Анкара за да разговараат за новиот облик на насилство помеѓу Турција, „Исламска држава“ и курдските милитанти.

„Турција има многу силна армија и многу силни безбедносни сили. Значи немало барање за каква и да било вистинска поддршка од страна на НАТО“, додал Столтенберг.

Во минатата недела Анкара ги оствари првите напади врз цели на групата, откако бомбаш-самоубиец, кој најверојатно е член во „Исламска држава“, загинаа 32 лица.

Турција, исто така, бомбардирала и позиции на „ПКК“ во северните делови на Ирак за прв пат од четири години, откако нејзините борци, кои ја обвинуваат земјата во соучесништво со групата, ја презедоа одговорноста за убиството на двајца полицајци.

Слично

Поврзани вести