Економија, финансии, бизнис

Контакт

Столтенберг ја пофалил полицијата за акцијата во Куманово

Столтенберг ја пофалил полицијата за акцијата во Куманово
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг оценил денес дека македонската полиција успешно се изборила со терористичкиот напад во Куманово. „За жал, неколку животи се изгубени, но полицијата докажа дека е способна да се избори со состојбата“, рекол тој на конференцијата за новинари во седиштето на НАТО во Брисел. Тој додал дека на состанокот на шефовите на дипломатијата на НАТО членките и партнерите, кој ќе се одржи во текот на неделава во Анталија, ќе стане збор и за инцидентот во Куманово, пренесува МИА. Столтенберг најави дека оваа недела во Анталија ќе се одржи состанок на шефовите на дипломатиите на државите членки на НАТО и партнерите на Алијансата и потврдил дека при таа прилика ќе се разговара, помеѓу останатото и за настаните во Куманово. „Очекувам дека тоа прашање ќе биде споменато пред министерите за надворешните работи кога ќе разговараме за предизвиците со кои се соочува Западен Балкан, односно Македонија“, рекол Столтенберг и упатил сочуство до семејствата кои ги изгубиле своите сакани во судирите кои се случија викендов. Тој исто така додал дека го охрабрува фактот дека сите политички лидери јасно го осудиле насилството и повикале на смиреност како би се избегнала ескалацијата на состојбата. Столтенберг истакнал дека НАТО внимателно ја следи ситуацијата и додал како очекува НАТО претставниците да бидат информирани за развојот на состојбата во земјата.  
 
Слично

Поврзани вести