Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТОКНАЛА ПРОСЕЧНАТА НЕТО ПЛАТА: Кожарските и текстилни работници остануваат на дното

СТОКНАЛА ПРОСЕЧНАТА НЕТО ПЛАТА: Кожарските и текстилни работници остануваат на дното

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември минатата година била 23.196 денари. Во однос на истиот месец во 2016 година е зголемена за 3.6 проценти, објави Државниот завод за статистика. 

Просечната месечна исплатена бруто-плата изнесувале 34. 079 денари.

Ваквото зголемување се должи, пред сé на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите преработувачка индустрија (8,9 проценти), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (8,7 проценти) и земјоделство, шумарство и рибарство (7,6 проценти).

Во ноември лани, 1,1 процент од вработените во Македонија не зеле плата.

Најниски плати има во секторот за производство на кожа, и во текстилот. 

Во кожарскиот сектор нето платата е 13 664 денари, во текстилот 18 964 денари, во секторот за производство на облека 14.707 денари, во секторот за преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал земаат нето плати од 15 683 денари. 

Од друга страна во воздухопловен транспорт, земаат нето плати од 96 116 денари. 

Слично

Поврзани вести