Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стока со непознат царински статус најдена во Битола

Стока со непознат царински статус најдена во Битола
Службата за надзор на иматели на Одобренија при Царинарница Битола,  при крајот на февруари  изврши вонредна теренска контрола во компанија од Битола, при што е најдена стока со непознат царински статус. Се работи за 286,11 метри квадратни кожа од јагне, 1.273 метри квадратни постава, 15,1 килограми футер, 18,9 килограми крзно од ракун во парчиња, 1.445,25 килограми крзно од лисица во парчиња, 5 парчиња составени крзна од лисица и 16 употребувани машини за  шиење. Во компанијата која е во сопственост на правно лице од Хонг Конг, а управителот е од Република Грција, најдена е стока која соодветствува на дејноста која ја извршува компанијата и која е формално раздолжена, а физички е присутна во магацините на компанијата. Стоката чини 947.440  денари, а износот на избегнати царински и други давачки изнесува 278.924 денари. Против компанијата, како и одговорните лица во компанијата е поведена соодветна  постапка.    
Слично

Поврзани вести