СТОЈКОВСКИ: Вашингтон дискретно работи на разврска на политичката криза!
Андреја Стојковски, претседател на Македонски центар за европско образование, смета дека Вашингтон работи на разврска на политичката криза во Македонија. Неговото видување за начините за излез од сегашната пат позиција, дадено за Фактор, Ви го пренесуваме во целост.
Иницијативата на Европскиот парламент и на пратениците Вајгл, Ховит и Кукан беше само првичен обид за помрднување на работите во Македонија и обид кој на ЕУ требаше да и покаже колку двете страни во кризата се вољни за да разговараат. Секако, веднаш беше јасно дека таквата иницијатива не смее, ниту пак може да биде конечна. Да се потсетиме на мартовскиот договор од 2013 и на изјавите по неговото потпишување (палома хартија). Сепак фактот дека веќе сме во втора рунда на преговори може да не охрабри дека ќе има уште такви и дека на обете страни им е јасно дека мора да продолжат да разговараат. Од друга страна, има нешто на кое забораваме.
Прво, ЕУ има цел да биде вистински глобален играч и со својот ангажман во актуелните кризи во соседството тоа го покажува. Потсетете се на Србија и Косово, на Блискиот Исток, на Украина и на улогата која ЕУ ја одигра таму. Второ, Македонија е држава во процес на пристапување и интересот на ЕУ е далеку поголем. Како што тргнало може да се очекува дека овие преговори и нивниот производ ќе станат дел од европските реформи и пакетот кој ќе го гарантира и/или мониторира ЕУ. Оттаму, може да се очекува посилно вклучување на државите членки, односно на Високиот претставник Федерика Могерини. Притисокот ќе се зголемува како ќе одминува времето и како ќе се доближува периодот за објавување на годинешниот извештај за напредокот. Она што е најдобро е дека притисокот најповеќе ќе го чуствува власта, а одговорот нема да може да биде правна разрешница на случајот „Пуч“.
ВАШИНГТОН ДИСКРЕТНО РАБОТИ НА РАЗВРСКА НА ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА
Мора да се има предвид фактот дека следната недела се случува Советот за општи прашања каде веројатно ќе се направи планот за надминување на кризата.
Од другата страна мораме да ја имаме предвид изјавата на државниот секретар Џон Кери за линијата на потенцијалниот нов конфликт помеѓу истокот и западот која поминува во Македонија. Тоа е веројатно најрелевантната изјава дадена од некој претставник од меѓународната заедница досега! Од утре во државава ќе присуствува Заменикот на Помошникот на државниот секретар Хојт Ли кој со група амбасадори преку „Безбедносната тројка“ (ОБСЕ, НАТО, САД) ќе се обиде да го пренесе повторно истиот став, а веројатно да направи и дополнителен притисок. Иако можеби не се гледа, сепак САД се вклучени во разрешувањето на кризата и може да се очекува дека ќе продолжат натаму да се ангажираат. Она што е важно е дека и ЕУ и САД ја имаат анализирано кризата, останува само да го утврдат својот претставник во преговорите, односно за каков тип на дипломат/преговарач ќе станува збор.
ПОТРЕБЕН Е ДИПЛОМАТ БУЛДОЖЕР ОД ГАБАРИТЕТОТ НА РИЧАРД ХОЛБРУК
Лично посакувам некој со сериозен политички габарит како Карл Билт или Кетрин Ештон, со Викторија Нуланд од другата страна, тогаш знам дека притисокот и во преговорите и во имплементацијата на договореното ќе биде енормен.
Слично
