Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стојановски: СДСМ да го одблокира задолжувањето од 260 милиони евра

Стојановски: СДСМ да го одблокира задолжувањето од 260 милиони евра

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, денес ја повика СДСМ да ја одблокира собраниската комисија за финансиски прашања и буџет за да може да помине новиот закон за задолжување од 260 милиони евра кај странски банки заради задоволување на буџетски потреби, односно да се поделат плати.

- Баналните изговори за блокирањето на Комисијата за финансирање и буџет е само со една цел - да заработат ситни политички поени на грбот на граѓаните и државните интереси - изјави тој денеска на прес-конференција во Собранието.

Стојановски соопшти дека испратиле писма до претседателот на Собранието, Африм Гаши, и претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска, со кои се бара во согласност со деловничките можности да се свика седница на Комисијата за финансирање. 

- Наместо блокади и политички акробации, потребна е одговорност и поддршка за процесите што обезбедуваат инвестиции, економски раст и подобар животен стандард за секого. Граѓаните очекуваат решенија, а не бегање од соочување со аргументи. Средства за повисоките примања во образованието, здравството и јавниот сектор, за капитални инвестиции, за сервисирање на обврските и задолжувањата што токму СДСМ ги натрупа. Ништо од ова не смее да чека - рече Стојаноски.

Расправата за предлог-законот по скратена постапка за задолжување на државата од 260 милиони во собраниската Комисија за финансирање и буџет вчера беше блокирана од страна на опозицискиот СДСМ.


Слично

Поврзани вести