Стојанов: Поблиска држава од Македонија немаме
Бугарија треба да е адвокат на Македонија во ЕУ, бидејќи Софија нема поблиска држава од неа, изјави поранешниот бугарски претседател, Петар Стојанов.
Тој во последните шест месеци трипати се сретнал со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов по различни поводи и смета дека односите меѓу двете земји треба да се интензивираат. Иванов скоро во интервју за БГНЕС повика на поинтензивни односи меѓу Македонија и Бугарија.
„Од време на време треба да им простуваме на одредени македонски новинари и публицисти за ситните грешки поврзани со Бугарија, затоа што поблиска држава од Македонија немаме. Меѓу најважните улоги на Бугарија во ЕУ е да биде адвокат на Македонија во нејзините напори за членство во ЕУ“- рече тој.
Стојанов во поглед на мигранстаката криза изјави дека властите во неговата земја го прават неопходното.
