Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стојанче Ангелов влегува во претседателска трка

Стојанче Ангелов влегува во претседателска трка
Стојанче Ангелов е кандидат за претседател од партијата „Достоинство“ на претстојните претседателски избори во 2014 година. Како што информира на денешната прес-конференција, потпретседателот на партијата, Благоја Марковски активностите на партијата прво, согласно законските рокови, ќе бидат насочени на собирање 10.000 потписи на избирачи за кандидатура на Ангелов. Од „Достоинство“ посочуваат дека генералот Ангелов ќе ги бара гласовите од незадоволните граѓани од случувањата во изминатите 20 години. Ангелов, истакна шефот на изборниот штаб Зоран Крстевски, е против промена на името на Република Македонија и е против референдум како можност за, како што велат, самообезличување.
Слично

Поврзани вести